Хасани: Можевме или сега да се ограничиме или за празниците

Заменикот-министер за здравство на прес-конференцијата потенцираше дека овие рестрикции се донесени сега, за да не се ограничуваме за празниците. 

„Целта беше да се заштитиме и претстојните празници да ги поминеме во мир и спокој и да не се соочуваме со ситуација во која нашите блиски се болни, хоспитализирани, или не дај Боже да го изгубат животот“, изјави тој. 

Според најновите одлуки на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, се воведува полициски час од 20 часот навечер до следниот ден до 5 часот наутро. Забранета е работата на угостителските објекти во следните 14 денови, освен за достава и шалтерско подигнување храна, а најавен е и посебен режим на работа на обложувалниците.