Губиме неколку неработни денови - кога ќе одмориме годинава

Има многу споени викенди, но губиме неколку неработни денови кои се паѓаат во викенд, а еден од нив беше Бадник.

Неработни денови во 2019 година се:

За сите граѓани на РМ

  • 1 јануари (вторник), Нова година,
  •  7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
  •  29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (среда), Ден на трудот,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
  •  4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 2 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
  •  8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
  •  26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  •  22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  •  1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.
  • За граѓаните од муслиманска вероисповед
  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  •  22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,
  • За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
  •  27 јануари (недела), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  •  23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.