Групна тепачка пред угостителски објект во Скопје

Синоќа околу 2 часот пред угостителски објект на улицата „Димитрије Чуповски“ во Скопје избила тепачка меѓу две групи од три лица.

Од една страна биле В.К.(21), Б.Р.(21) и Ф.Б.(26) сите од Скопје, а М.А.(23), П.М.(26) и Ф.Г.(23), сите од Скопје, од друга страна.

Сите биле приведени во полициска станица и задржани на разговор.

Причината за тепачката засега не е позната, а по целосното расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.