Гранати и бомба пронајдени кај Могила

На 16 март во 14.05 часот во СВР Битола, Љ.Ѓ. од село Градешница, општина Могила, пријавил дека во селото пронашол три стари гранати, извести МВР.

„На 17.03.2024, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал експлозивните средства и констатирал дека се работи за една артилериска граната калибар 155 мм, една авионска бомба 10 либри и една артилериска граната калибар 75мм, сите по потекло од Првата светска војна“, соопшти МВР.