Неисчистениот мраз и снег на улиците како и секоја година се проблем за граѓаните.
Општините трошат илјадници евра за набавка на опрема и сол, а Дирекцијата за заштита и спасување вечерва упати апел до градоначалниците и општините да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување.
Во случај на повреди граѓаните имаат право да бараат обесштетување. Народниот правобранител им порачува на граѓаните да не ја чекаат правдата и правата, туку да се борат за неа.
За скршениците и повредите кои настанале како последица од нерасчистените улици, граѓаните можат да поднесат соодветна тужба против општината во која паднале.