Граѓаните ќе имаат обврска да носат маски, 20 евра казна за непочитување

Дваесет евра казна за сите физички лица кои нема да носат заштина опрема на отворен или затворен простор и две илјади евра казна за правните лица кај кои вработените нема да носат соодветна заштина опрема при извршување на своите работни обврски. Ова го предвидува новата одлука на Владата која треба да биде донесена на некоја од следните седници. 

Под лична заштитна опрема се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата, односно респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично. 

Дополнително владата ги обврзува Економските оператори и производители на заштитни маски од Република Северна Македонија, во секој момент во нивните магацини, односно складови се должни да располагаат со 20 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар и за потребите на државните институции во Република Северна Македонија. За непочитување на оваа одредба предвидена е казна од 5 илјади евра. 

Министерот Филипче при вечерашното гостување во Топ тема нагласи дека Владата ќе обезбеди заштитни маски за граѓаните од ранливите категории за кои ова е дополнително оптоварување на буџетот.