Градскиот пајтон со нов возен ред

Пајтонот веќе извесен период вози по „зимски возен ред“. Во случај времето да „стегне“, целосно ќе се прекине со работа.

Сега се уште вози низ Градскиот парк и тоа само во петок, преку викенд и за празници, бидејќи нема интерес за време на работните денови. Заинтересираните можат да се возат од пладне па до 15 часот.

Покрај турата низ Градски парк, пајтонот по нарачка вози и низ улиците во Скопје. Но, таквите тури треба да се закажат неколку дена однапред, за да се утврди и договори маршрутата.

-Постојано ни пристигнуваа барања за изнајмување на пајтонот за свадби и за сунети, меѓутоа ние одбивавме, затоа што немавме од каде да се движиме со пајтонот, освен во Градскиот парк. Ова сега е новитет што ќе го промовираме напролет Коњите се животни што не смеат да ги повредат нозете, а возењето на мраз го подразбира и тој ризик - вели директорот на „Лунапаркот“, под чија надлежност спаѓа и пајтонот.

Ценовник за користење на пајтонот

- Фотосесија до десет минути без прошетка со пајтон - 500 денари
- Фотосесија до 10 минути и прошетка со пајтон - 1.000 денари
- Секои наредни 10 минути се доплаќаат по 500 или 1.000 денари, во зависност од избраниот пакет