Јавното претпријатие „Градски паркинг“ - Скопје, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје, работи на уредување на зонските паркиралишта во Општина Аеродром.
Деновиве екипите на претпријатијата го уредуваат паркинг просторот на зона Д4 во Аеродром.
-Се кастрат сувите и дотраени гранки на дрвјата и се чисти целиот паркинг, за побезбедно паркирање на возилата. Ваквата соработка меѓу двете претпријатија продолжува и во иднина – со цел граѓаните да имаат полесен и побезбеден пристап до паркиралиштата - се вели во објавата на официјалната Фејсбук страница на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје.