Градска болница се реконструира, се примаат само итни случаи

ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, информира дека во нејзиниот објект се врши целосна внатрешна реконструкција и оти се примаат само ургентните случаи. 

- Затоа се примаат само ургентните пациенти, а останатите се преупатуваат во Хируршките клиники и Градска општа болница „8 Септември“ Скопје, соопшти Клиниката, реагирајќи на некои медиуми кои вчера објавија дека лифтот во болницата не работи. 

Клиниката наведува дека реконструкцијата е почната во септември 2016 година.