Во рамките на проектот „Градот Убав“ ќе се реализира првата отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст. Отворањето, ќе биде на 17 јуни 2018-та година, во 20:00 часот во сутеренот на ГТЦ (автобуската постојка).


Иницијатор на овој настан е архитектот и уметник Филип Конески, а организатори се Младинскиот културен центар, Град Скопје и Градски трговски центар – Скопје.

Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).