Градоначалникот најавува: „Бихаќка“ ќе го добие последниот слој асфалт

Во тек е финално асфалтирање на улиците: „Бихаќка“ и „Црниче“, на потегот од раскрсницата кај подвозникот, па се до улицата „Востаничка“, во должина од 810 метри, информираше скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој додаде дека наскоро оваа значајна сообраќајница што се протега во две општини Центар и Кисела Вода ќе биде целосно реконструирана.