Градежните активности за реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ се одвиваат и во вечерните часови

Градежните активности за реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ се одвиваат и во вечерните часови кога сообраќајната фреквенција е намалена со цел што е можно помалку да се отежни движењето на граѓаните, да се избегнат сообраќајните застои преку ден и побрзо завршување на градежни работи.

– Се гребеше и отстрануваше стариот и оштетен асфалтен слој на делницата од булеварот што се реконструира, а оваа практика за изведување на градежните активности во ноќните часови која за првпат се воведе од неодамна ќе продолжи со иста динамика и во наредните денови – информираат од Град Скопје.