Град Скопје со реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од Град Скопје реагираа на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Жалиме што мораме да констатираме, но ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да излезе од традиционалната матрица на партизација на институциите со кои управуваат. Градот Скопје назначува кадри на раководни функции исклучиво согласно професионалните референци, образование и искуство. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од партиската логика дека институциите треба да ги водат само партиски кадри, не значи дека и другите се водат од истата логика, се наведува во реакцијата.

-Кога веќе сакаат да зборуваат за создавање на хаос во институциите, ги повикуваме од ВМРО-ДПМНЕ на следната седница на Советот на град Скопје да предложат точка на дневен ред со цел промена на 350 членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија и установи на град Скопје кои се поставени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, севели во соопштението од Град Скопје.