Град Скопје е домаќин на Меѓународниот форум за креативни индустрии

Град Скопје е домаќин на Меѓународниот форум за креативни индустрии со Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ, кој има за цел да ги поттикне идеите за одржлив развој во креативните индустрии и нивната апликација во креативните индустрии.

Во рамките на Меѓународниот форум на креативни индустрии се одржува дводневниот Фестивал на креатива и Саемот на креативни индустрии на кој се претставени над 40 учесници од различни области на креативните индустрии.

- Голем број европски експерти на Форумот дискутираа и разменуваа искуства за одржливоста во креативните индустрии, одржливото претприемништво, женското претприемништво, авторските права, иновациите, со цел за да се забрза напредокот во овие индустрии и да се придонесе за побрз економски раст и развој, велат од Град Скопје. 

Креативните индустрии стануваат се поинтересни и попривлечни како професионална определба за младите луѓе, а Град Скопје во текот на целата година преку низа проекти и едукативните настани во скопските средни училишта, настојува да ја поттикне нивната креативност и да го стимулира интересот за новите технологии, со цел остварување на нивните креативни потенцијали што ќе им помогне полесно и побрзо да се вклучат на пазарот на труд, додаваат надлежните.