„Горат социјалните мрежи“ - Ништо не важи без „Северна“, само парите и кредитите!

Социјалните мрежи од вчера „вријат“ на тема лични документи без новото име на државата „Северна“. 

Голем број граѓани го искажаа својот гнев, револт, вознемиреност, но и збунетост од насоките на надлежните со кои им се отежнува секојдневното функционирање. 

- Оливер Спасовски да се јавува во следните денови во полициските станици во Скопје и заедно со тимот од МВР со кој не доведоа во овој хаос да ни ги носат личните карти и возачките дозволи до дома. Тоа е во прва фаза. Втора фаза да одговара кривично, порача Сабина Факиќ. 

-Државата ќе те казни ако немаш северна на возачка ама ќе нема проблем да ти ги земе парите на кои стои само Република Македонија, напиша инфлуенсерот Божидар Божиновски.

- Хохштаплери што учествуваа во промена на име, навиваа за Преспански, агитираа за "ЗА европска Македонија", наместо да се скријат во некоја дупка, му се исмејуваат на новиот министер за внатрешни што мора да ги спроведува нивните закони и договори. Ах, бе, гниди едни провидни, неспособни. Ај што сменивте име, не признавте резултат од референдум, кога народот ви кажа НЕ за промена на името, туку имавте шест години да организирате се што треба и тоа на трошок на државата. А не да ги ставате луѓето пред свршен чин и да му се исмејувате на министер, кој вчера стана министер во техничка влада, за да се спроведат фер избори а не да оправа ваши недоветности, вели новинарката Ирена Радовановиќ. 

- Граѓаните не се боксерска вреќа па може да мавате по нив, како ќе ви текне! Па вакво изживување на сопствените грашани нема никаде! Или ви треба кеш за нови вработувања, па удри со казни по граѓаните. Здружена космичка неспособност- ете тоа е!, порача Жанета Трајкоска. 

- Ако немало Северна не важела возачката. Поголем нон сенс НЕМА. Возачката е доказ дека сум положил возачки испит и поседувам валидна документација. И нормално да е со важечки рок односно да не е истечена. Република МАРС нека пишува- важечка е бидејки суштината е дека е доказ дека сум оспособен да управувам со возило од категоријата која ја пишува на возачката. Никаков регрес нема да плаќам нити сметам дека судовите би зазеле таков став. Член 2 став 1 точка 109 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата си е кристално јасен и вели " „Возачка дозвола“ е јавна исправа што ја издава надлежен орган, со која се докажува правото на управување со одредени категории на возила, вели во објава адвокатот Јанаки Митровски.

- Ова се дел од останатите реакции на социјалните мрежи:

- Ќе пишувале казни ако немаш возачка со северна. Само француски земјоделци за вас. Да ви е прпа дал следен ден ко ќе отидете на работа ќе ве чека брдо документи или брдо гомна.

- Од 12.02 2024 година на полноќ за мене политичарите (од сите провениенции) во државава (кој како и да си ја вика) СЕ НЕВАЖЕЧКИ !!! Душата ни ја извајвте 30+ години. Да не зборам шо мутиран менталитет и генерации создадовте. Себични, безлични и безкорпулозни. Ни образ ни чест ни благодарност ни почит.

Граѓаните се пошегуваат и дека од денеска нема да важат ниту банкнотите на кои е напишано старото име, ниту венчанициите и умрениците, а исто така и кредитите кои секој месец ги плаќаат граѓаните.