„Голф“ излета кај Куратица, две лица се повредени

Две лица се повредени во сообраќајка која се случила вчера попладне кај Куратица. 

На 22.01.2023 во 13.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на клучката за селото Куратица, охридско, Д.Н.(33) од ресенското село Јанкоец, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, излетал од патот, информираше МВР. 

Возачот и сопатникот Д.Р.(28) од истото село биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што кај Д.Н. биле констатирани телесни повреди, додека кај Д.Р. биле констатирани тешки телесни повреди.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.