Голем дел од Скопје денеска без струја

ЕВН Македонија известува дека поради технички зафати во мрежата, без електрична енергија денеска (вторник) ќе останат следниве потрошувачи:

-Во период од 08.00 – 15.00 часот дел од с. Долно Соње од мостот на сред село кон с. Говрлево (о. Сопиште);

-Во периодот од 08.30 – 15.00 часот објектите на Давос и АРС на влез во Ченто (о. Гази Баба);

-Во периодот од 09.00 – 12.30 часот сите потрошуваи на ул. Бутелска бр. 7А, од бр. 1 – 19 и ул.Бутелска броеви 47, 49 и 51 (о. Бутел):

-Во периодот од во време од 09.00 – 14.00 часот дел од корисниците од улиците Миле Поп Јорданов, Јуриј Гагарин и Стогово (о.Карпош);

-Во периодот во време од 09.00 – 14.30 часот дел од корисниците од с. Бразда, каменолом Гранит - Бразда, асфалтна база Бразда, пречистителна станица Бразда, фарма Глуво, стопанските објекти Златомир и Данчо Ацков како и селата Горно Оризари и Голиево (о.
Чучер Сандево)

-Во периодот од од 09.30 – 10.30 часот дел од корисниците на ул. Партение Зографски од крстосницата
кај дисконт Лаки до крстосницата со ул. Тодар Александров (о. Центар).