Голем број полициски сили во Диво Насеље во Куманово

Бројни полициски сили го чуваат полицискиот објект на влезот во Диво Насеље во Куманово, информира репортерот на „Алмакос“ од Куманово.

Како што објавува порталот ова се случува од две причини, едната е од вооружениот инцидент во близина на седиштето на ДУИ во Мала Речица, додека другата причина е одлуката за случајот Алмири што денеска ја донесе судот.

Граѓаните се многу исплашени од зголеменото присуство на полицијата во овој град, пренесува Алмакос.