Главниот стратег за рушење на спомениците вели дека Македонската нација е измислена во рамките на Југославија!

-Македонската држава на крајот на Втората светска војна буквално е измислена во рамките на Југославија, основана за прв пат и во неа е еманицпирана и македонската нација, и македонска култура, македонски јазик, сите македонски симболи, сите македонски уметнички достигнувања, вели Грчев.

Ваквата скандалозна изјава на Грчев доаѓа од функција на актуелен член на Советот за култура на македонското министерство, создаден од министерот Робер Алаѓозовски. Овој владин претставник отворено ја негира македонската нација и култура, изјави кои се дел од смислено сценарио за гушење на слободномислечкиот Македонец.

Грчев истовремено ја предводи работната група која периодов прави анализа на проектот „Скопје 2014“. Според најавите во медиумите веќе извесно е дека голем дел од спомениците ќе бидат дислоцирани, а другиот дел ќе бидат урнати и ќе завршат како отпад.

Во своите извештаи работната група препорачува отстранување и дислоцирање на дел од спомениците. Освен споменикот на Андон Лазов-Јанев попознат како Ќосето, работната група препорачува отстранување и на меморијалниот споменик на Мајка Тереза кој е во процес на изградба на плоштадот, изјави Мирослав Грчев.

 

Грчев

Според Грчев, како Македонска нација сме биле прво измислена а потоа и еманципирана. Бардовци, Демир Хисар, алооо!

Posted by И Јас Сум Вмро Дпмне on Thursday, November 2, 2017