Ѓубре и лоша миризба - ова е сликата на улица „Скупи“ кај Психијатриската болница Бардовци

Расфрлано ѓубре и отпад и лоша миризба од истото- ова е сликата на скопската улица „Скупи“ кај Психијатриската болница Бардовци.

Наместо слободно да се движат по тротоар, жителите се приморани да го заобиколуваат отпадот кој е на сите страни.

Жителите за Курир велат дека неколку пати за помош се обраќале и до општината Карпош со која раководи градоначалникот Стефан Богоев, но од таму добиле одговор дека тоа е приватна сопственост и не е под нивна надлежност.

Жителите реагираат дека тоа е јавна површина, за која сметка мора да води општината.