Ѓорче Петров ќе добие нова црква

Во сабота со почеток во 12 часот во населбата Даме Груев во општината Ѓорче Петров, ќе биде поставен камел темелник на новата црква „Св. Преображение“.

Црквата ќе се гради на локација во близина на УЗ „Даме Груев“, а на овој свечен чин ќе присуствуваат Архиепископот Македонско-Охридски Г-дин Г-дин Стефан, градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски, Председателот на Македонското собрание Трајко Вељановски, министри од владата на Р. Македонија, и други личности од јавниот живот, информираат од општина Ѓорче Петров.