Гаши: Не можам да имам анимозитет кон македонскиот јазик

Африм Гаши, новиот претседател на Собранието во интервју за Телма се осврна на критиките дека заклетвата ја дал прво на албански јазик. Тој изјави дека не сака да се занимава со „такви мали работи“ и дека нема ништо против македонскиот јазик.

Новиот претседател на Собранието, Африм Гаши, во интервју за Телма одговори на критиките за давањето на заклетвата прво на албански јазик. Тој истакна дека не сака да се занимава со „такви мали работи“ и дека нема анимозитет кон македонскиот јазик.

''Јас немам проблем со македонскиот јазик, јас го учам и го зборувам македонскиот јазик истовремено со албанскиот јазик од моите први години, јас сум израснат во средина со македонски, така што не памтам кога сум почнал да зборувам македонски што значи дека не можам да имам анимозитет кон македонскиот јазик.

Конститутивната седница беше подготвена од службите на собранието кои се исклучително професионални, имавме претседавач и да беше прочитана заклетвата првпат на македонски ќе ја прочитав на македонски, да беше на албански ќе ја прочитав на албански. Мислам дека е тоа технички дел и дека е важно што се прочита и на македонски и тука треба да се апсолвира тоа прашање затоа што нема никаква суштина.'' рече Гаши.