Фрлена соученичка од прозорец – каде се изгуби домашното воспитување, каде е воспитната компонента на наставниците

За само кратко  време, а веќе имаме два посебни случаи за врсничко насилство во основните училишта. Неодамна едното се случи во Неготино, а деновиве во Скопје. Јавноста изненадена и од првиот и од вториот случај. Кој е виновен има ли надзор по училиштата, прашува јавноста.

Во текот на минатата недела четири малолетни ученици за време на малиот одмор ја фатиле за нозе нивната 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот што се наоѓал на приземје и ја фрлиле на земја, во училиште во Аеродром. Вест која се прошири и која ја згрози јавноста.

Во полициската станица Аеродром вчера е пријавено дека на 28 септември во училиште  се случило насилство.

На овој начин ли се гради здрав образовен систем?

Значи првин станува збор за млади лица кои имаат само 14 години. Лица кои се свесни за своите постапки. Но, зареам толку злоба, во толку млади души...

Каде се изгуби домашното воспитување? Она од пред неколку години, кога зборот на родителот беше последен, кога после секоја грешка, имаше соодветни мерки на воспитување кои ти следуваа. Времето кога не смееше да се помисли на насислство, без разлика дали пред зграда, на улица или пак во училиште. Каде е времето кога другарството и љубовта цветаа во училиштата. Кога одделението се сметаше за семејство, кога секој си помагаше, кога и најмалата караница или тепачка беше најостро осудена и од соучениците и од наставниците и од надлежните органи во училиштето и од родителите.

Каде е времето кога наставниците и сите органи во училиштата беа почитувани. Времето кога образовниот систем имаше една друга димензија и еден друг правец.

Каде се децата од порано?

Кој е виновен за ваквото однесување?

Каде се наставниците, каде е надзорот на училиштето, каде се родителите во овој случај? Кој ќе одговара за ваквото насилство.

Јавноста бара одговорност за насилството меѓу младите кое зема замав во училиштата.

Надлежните ќе истражат што всушност се случило. 

Директорот на училиштето во Аеродором излезе со став дека девојчето е фрлено на игра и дека нема насилство во прашање... Зарем? Вест која се прошири со брзина на светлината низ медиумите, низ социјалните мрежи, низ медиумите надвор од границите на Македонија, вест која беше проследена со најлоши коментари и критики...

Од МОН и од општина Аеродром вчера преку соопштенија го осудија случајот.