(Фото) Скопскиот аквадукт затрупан со отпад

Наместо да биде една од главните туристички атракции Скопскиот аквадукт буквално се „дави” во ѓубре. Доказ за тоа е фотографијата која ја споделија од „Генералка викенд“. 

Гордана Софија од „Генералка викенд“ ги поучи скопјани како и каде да го одлагаат отпадот.

- Дали знаете дека во Скопје има пункт на Комунална Хигиена каде може да го однесете и одложите цел ваш отпад (селектиран) БЕСПЛАТНО! Работаат од 8 до 17 часот. Истото гориво што го трошите за да го однесете отпадот во природа или веднаш до историски-културен споменик, ќе го потрошите и ако го однесете до пунктот на Комунална хигиена во Карпош, порача таа на фејсбук. 

Информација до сите жители на Скопје што ја следат групава:

За пластика, хартија, стакло и лименки низ цел град има поставени контејнери од Пакомак. Селектирајте го отпадот дома и потоа одложете го во контејнерите на Пакомак.

За електронски отпад (се што работи на струја и на батерии) имате специјални контејнери поставени низ цел град од Нула Отпад ДОО Скопје и можете да се јавите на ЕКО ЛИНИЈАТА 070/236 000, доаѓаат и го земаат електронскиот отпад БЕСПЛАТНО ако станува збор за отпад со поголем волумен или тежина! За останатиот отпад (пакети, мебел...) селектирајте го и однесете го во пунктот на Комунална Хигиена што уште се нарекува Рециклажен двор, порача таа споделувајчи ја оваа грда слика од овој дел од околината на Скопје.