Фото: Силниот ветер откорна огромно дрво во Градскиот парк

Невремето со силен ветер и дожд кое попладнево го зафати Скопје, пред околу половина час го скршило ова големо дрво во Градскиот парк. За среќа, во моментот кога паднало точно над шеталиштето каде секој ден минуваат илјадници граѓани, немало минувачи, па нема повредени.

Сепак, дел од огромната крошна удрила во најблиската зграда, каде сега станарите ги проверуваат можните штети. Некои од гранките се забиле во прозорците, но за среќа не ги искршиле.

Фото: Република