(ФОТО) Се сеќавате ли на овие ретро новогодишни честитки?

Иако и денеска предновогодишно има тезги со честитки, се помалку истите се праќаат. За разлика од минатото кога со нетрпение се очекуваше новогодишна честитка, рачно потпишана, денеска оваа навика како целосно да исчезна. 

Возрасните се сеќавааат на колоритните ретро честитки со зимски и празнични мотиви, на кои се пишуваа желбите за среќна Нова година и Божиќ. 

Овие фотографии несомнено ќе ве вратат во времето кога празниците беа вистинска магија, а праќањето и добивањето на честитка посебно доживување: