Фото: Прошетка на Груевски низ центарот на Скопје

Премиерот Никола Груевски по отворањето на новата инвестиција на компанијата „Икс трејд“ во која треба да вработат 100 луѓе и е лоцирана во близина на плоштадот „Македонија“, пеш се упати кон Владата на РМ.

Објектив на порталот Вистина.мк кој го забележа Груевски, ги регистрираше и честите застанувања на од голем број случајни минувачи и граѓани кои го отпоздравуваа, сакаа да разговараат и се фотографираа со него.

Груевски најде време и со задоволство разговараше со граѓаните.