Фото: „Папабус“ по скопските улици

Автобус со ликот на Папата денес беше забележан на улиците во Скопје. Рекламата е поставена како дел од маркетинг кампањата за најава на посетата на Папата на Македонија која треба да се случи на 7 мај.

Секој милиметар од трасата по која ќе се движи папата Франциск при неговата посета на 7 мај е под сериозна безбедносна контрола. Иако, официјално, не се објавува никаква информација, освен агендата што е објавена на веб страницата на www.papa.mk, институциите го кријат во тајност секој чекор, сепак откако поради безбедносни причини деновиве беа заварени и затворени шахтите во центарот на градот, полициски екипи ги контролираа и становите во сите околни згради во центарот на Градот и во околината на Католичката црква.