ФОТО: Гужва на патиштата, на граничните премини се чека до половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На  граничните  премини нема задржувања подолги од половина час за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ со напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Гевгелија – Демир Капија кај тунелот Демир Капија, каде сообраќајот беше во прекин повеќе од 2 часа, од 00:20 часот истиот се одвива наизменично по една коловозна лента и во колона. Од МВР за Нетпрес информираат дека по 03.20 часот изутринава сообраќајот бил нормализиран.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5 тона) сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).