Фото: 5 километарска колона од автомобили на патарината пред Скопје

Многу од граѓаните продолжениот викенд го искористија за пикник и излет во родното место или некоја друга дестинација во Македонија или соседните држави. Од утре продолжуваат работните обврски. На втората патарина накај Скопје има отежнат сообраќај. За отежнатоста на сообраќајот придонесува и невремето кое ги забави автомобилите.