Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на општина Центар во кој меѓудругото ревизорите обелоденуваат дека општината е тужена странка во 26 судски спорови вредни околу 400 милиони денари, дознава Фактор.

Општината ја тужат 12 правни лица за долг од 248 милиони денари и и 14 физички лица за долг од 148 милиони денари. 

Од друга страна, општина Центар се јавува како тужител во 19 процеси, од кои 11 против правни лица за долг од 46 милиони денари и 6 физики лица за долг од 297.000 денари.