Филмски грабеж во Куманово, предизвикале судир, му одзеле пари и му ја запалиле колата

Филмски грабеж се случил вчера во Куманово. Неколку лица предизвикале судир со автомобил на кумановец. Веднаш потоа пукале кон него, му ги одзеле парите и го запалиле џипот. Целата оваа случка се одвивале на улицата „Доне Божинов“ накај кумановската населба Карпош, соопшти денеска СВР Куманово.

„ Вчера во 20:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Доне Божинов“ во Куманово патничко моторно возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С. (63) од Куманово. При што неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило „пасат“ и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило „Ренџ Ровер“, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. ТППЕ Куманово потврди дека гасела опожарено возило на улицата „Доне Божинов“.