Филипче: Вирусот не е пронајден во мајчино млеко, заразените родилки можат слободно да дојат

Досега вирусот не е најден во примероци на амнионска течност или мајчино млеко. Жените со COVID-19 можат да дојат ако сакаат, напиша министерот Венко Филипче на Фејсбук.

Според него, тие треба да практикуваат респираторна хигиена за време на доењето така што ќе носат маска таму каде ги има на располагање, да ги мијат рацете пред и после допирање на бебето, рутински да ги чистат и дезинфицираат површините што ги допреле.

Блискиот контакт и рано започнатото ексклузивно доење му овозможува на бебето да напредува.