Филипче: Само заеднички може да успееме да го спречиме ширењето на коронавирусот

Само заеднички може да успееме во оваа битка и да го спречиме ширењето на коронавирусот, напиша вечерва на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој апелира сите да се придржуваме до мерките за заштита.

„Да носиме заштитна опрема, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Успешно се справивме со првиот бран, верувам дека и овој пат ќе донесеме правилни одлуки и побрзо ќе го спречиме ширењето на вирусот“, напиша Филипче по одлуката на Владата за воведување засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и околните скопски општини, како и во Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово, и околните тетовски општини, и по донесениот заклучок, предлогот за воведување рестриктивни мерки повторно да биде разгледан во Комисијата за заразни болести.