По огромниот пожар кој ја зафати модуларната болница во Тетово, во своето кусо излагање на прес-конференцијата на Министерот за здравство, Венко Филипче, тој ја поднесе својата оставка.
Во своето кратко обраќање до јавноста, тој истакна дека поради својот интегритет како лекар и човек, ја нуди својата оставка до Владата на Северна Македонија.
Освен тоа, Филипче се наврати на почетокот на пандемијата и своите заложби во тешките моменти кои ги донесе пандемијата, посочувајќи дека никогаш досега се нема откажано од битката да се заштити здравјето на граѓаните. Дополни и дека не постојат зборови со кои може да се надомести загубата и тагата за загубените животи.
Денеска и претседателот Стево Пендаровски изјави дека тој да е во таква позиција, веднаш би поднел оставка.