Фатен е крадец-малолетник во Скопје

На ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар, вчера, привеле малолетник-крадец.

Тој бил затекнат при обид да одземе предмет од управна зграда на Дирекција на „Пошта на Северна Македонија“, информираа од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.