Евтина струја преку ден ќе има, но не од ова лето?

Дневната евтина тарифа на струјата ќе се врати, но не од летово, туку од јули 2024 година, објави „Телма“.

Според неофицијални информации, најверојатно од 1 јули ќе има и мало зголемување на цената на струјата за граѓаните бидејќи ДДВ-то за електрична енергија се враќа од 10 на 18 отсто.

Каква цена ќе плаќаат граѓаните во следните месеци зависи од тоа колку ќе чини мегават час од државните електрани.