Еве каде има најмногу снег во Македонија

Вистинска снежна идила ги зафати повисоките места од Македонија. Во 7 часот највисока снежна покривка била измерена во Крушево 18 см, па следуваат Попова Шапка, 13 Маврово и 4 см во Лазарополе.

Но освен со снег Македонија ќе биде зафатена и со повремени побилни врнежи од дожд кои на места се очекуваат да стигнат и до 20л/м2 додека на планините се очекуваат нови врнежи.

Во Скопје ќе биде облачно, врнежливо со умерен силен ветер така да и денес скопјани можеби нема да можат да уживаат во убавото време но затоа ќе можат да дишат чист воздух.