Една автобуска линија во следните 9 месеци ќе сообраќа по изменета траса

ЈСП ги информира граѓаните дека приградската линија 63А (Транспортен центар - Ајватовци) во наредните девет месеци ќе сообраќа по изменета траса од вообичаената, поради изградба на натпатник на патот Марино - Бунарџик.

- Од Транспортен центар до кружен тек во населба Илинден ќе се движи по редовната траса, потоа ќе продолжува по траса на линија 63, по улица „9“, потоа ќе излегува на улица „8“ и ќе врти лево (по траса на линија 66 ), кај складот на „Макпетрол“ (Зегин) ќе врти десно на надвозникот, па ќе продолжува до с.Ајватовци и завршува во с.Бунарџик (сред село), каде ќе биде и последната постојка (свртувалиште). Исто така, од с.Бунарџик (сред село) ќе се движи до Ајватовци, па ќе продолжува до надвозникот и кај складот на „Макпетрол“ (Зегин) ќе врти лево по улица „8“ (по траса на линија 66), кај раскрсницата Ким ќе врти лево по улица „9“ (по траса на линија 63) и од кружниот тек во населба Илинден ќе продолжува по својата вообичаена траса , соопшти ЈСП.

При посочениот изменет режим, автобусите ќе ги користат постојните автобуски станици.