Џафери не чекаше долго, доставен предлог за смена на министрите Меџити и Алиу

Техничкиот премиер Џафери не чекаше многу на најавите за смена на министерот за Здравство Фатмир Меџити и министерот за Информатичко општество и администрација Азир Алиу и веќе има поднесено допис до претседателот на Собранието Јован Митревски за нивно разрешување.

Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, Собранието да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.