Џабе ти се извинуваме Македонијо кога кон тебе се однесуваме како кон туѓа татковина - Космонаутко со поента

Македонија слави 32 години од независноста, а познатиот медицински работник, активист за човекови права и секогаш гласноговорник Денис Јанкуловски, познат како Космонаутко со интересна поената се обрати по повод овој празник. 

Еве што напиша тој на својот фејсбук профил: 

- Им благодарам на СДСМ и ВМРО за моето прекрасно детство.

- Ама нив ги немаше тогаш?

- Токму затоа!!!!

* слободно додај ги сите партии, сателити, полтрони и како сакаш наречи ги кои ѝ се случија на Македонија од 90та наваму. СИТЕ до еден!!!

Честит празник Македонијо, џабе 30 и кусур години моја, наша, џабе ти се извинуваме секој 8ми кога кон тебе се однесуваме како кон туѓа татковина, па дури ни кон туѓа можеби вака не би. Веројатно и ти така нѐ чувствуваш нас, како туѓинци (знам, не сите, ама во исти кош сме), се чудиш како некои кои живеат на ова парче земја, се удираат во гради за тебе, за ВЕЧНА, од и за век и веков и од уста не те вадат, сепак те газиме кој и како стигне. Ние излажани, изиграни, но без опрадвување.

Но сепак, во надеж дека ќе се свратиме некогаш, истрпи нѐ некако...надежта која полека ја снемува, сепак последна умира.