Двојна изведба на „Лебедово езеро“ во МОБ

Македонската опера и балет најавува двојна изведба на најдобриот балет на сите времиња „Лебедово езеро“, кој ќе се изведе на големата сцена на 30 октомври со почеток во 20 часот.

„Ода за моќта на љубовта! Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти“.

Настапуваат Мими Поп Алексова-Атанасовскa, Васил Чичиjашвили и Игор Веланоски.

На 2 ноември настапуваат Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски и Игор Веланоски

Солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент Бисера Чадловска.

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МОБ.