Доколку сакате да напредувате на вашиот Духовен пат, потребно е да ги заборавите овие две работи:

Лошото кое луѓето ви го направиле

Во зависност од тоа колку имаме волја да простиме, во таа мера и Бог ќе ни прости нам. Простувањето е голема доблест.

Доброто кое вие сте го направиле

Ако постојано се потсетуваме на нашите добри дела, стануваме горделиви и суетни и тоа ги расипува работите. Треба да се гледаме себеси само како иструмент кој само го пренесува она што Бог сака да го пренесе. На крајот, Бог е тој кој прави сѐ.

Од друга страна, ова се две работи кои треба да ги запомните:

Смртта може да дојде во секој момент

Без оглед на тоа дали сме безначајни мали мравки кои само трчаат или идните претседатели, смртта е неизбежна, а често доаѓа и ненајавено.

Сетете се на Бог

Секогаш треба да се сеќаваме на Бог, затоа што низ него може вечно да се открива Неговата милост.