Две лица повредени во сообраќајка во кумановско

Едно лице е тешко, а друго полесно повредено во сообраќајка со мотоциклист во кумановско. 

На 19.06.2022 околу 19.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета Македонска ударна бригада“, во близина на „Митев мост“, Ј.С.(24) од с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н. Ѓ.(24) од Куманово, а мотоциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.