Две лица кои биле пријавени за исчезнати, се вратиле дома

Во ПС Гази Баба вчера се пријавени две враќања на лица кои претходно биле пријавени за исчезнати, во два одделни настани.

На 07.05.2021 во 16.55 часот во Полициската станица Гази Баба е пријавено дека бил пронајден и вратен дома М.О.(16), кој на 06.05.2021 бил пријавен дека се оддалечил од домот.

На 07.05.2021 во 13.15 часот во Полициската станица Гази Баба е пријавено дека Л.С.(50) од Скопје, за која на 06.05.2021 беше пријавено дека се оддалечила од домот, била пронајдена и вратена дома.