Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Две лица буле искасани од кучиња скитници во главниот град. Имено, синоќа во 01.10 часот во СВР Скопје, З.Н.(58) од Скопје пријавил дека во „Маџир Маало“ бил каснат од куче скитник.

Истиот ден во 17.15 часот во Полициската станица Гази Баба, С.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Разлошка“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.