Две хируршки или една маска KH95 ќе бидат задолжителни во соседна Грција

 

За време на празниците и планираните масовни собири Грција воведува постоги мерки против ширењето на корона вирусот. 

Според министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, мерките се донесени по препораките на експертската комисија, а ќе бидат на сила од 3 до 16 јануари 2022 година.

Маските кои обезбедуваат поголема заштита ФФП2 или КН95 ќе бидат задолжителни во јавниот превоз, супермаркетите и сите места каде што се собираат повеќе луѓе, како и на местата каде што се служи храна.

Ако тоа не е можно, ќе бидат потребни двојни хируршки маски.

Рестораните и баровите нема да можат да работат по полноќ, а музиката ќе биде дозволена само со почитување на мерките.