Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг

Ниту еден од кандидатите не го собра потребниот број гласови за избор за претседател на државата во првиот круг. Стево Пендаровски освоил 323.892 гласа, Гордана СилјановскаДавкова 319.364 гласови, а Блерим Река 79.921 глас. Согласно Изборниот законик во вториот круг од претседателската трка ќе се натпреваруваат Пендаровски и Силјановска-Давкова.

По многу тесната разлика во бројот на освоени гласови од првиот круг од штабовите и на двајцата кандидати очекуваат победа во вториот.

-Очекувам убедлива и недвосмислена победа во вториот круг за конечно Македонија да добие претседател на сите граѓани, изјави вчера претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.