Двајца малолетници се шетале кај Железничка за време на полициски час

За време на полицискиот час на 30 март, во близина на Железничката станица, полицијата забележала како се шетаат двајца малолетници на возраст од 15 и 14 години.

Тие се товарат дека сториле кривичното дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Јавен обвинител од скопското основното јавно обвинителство поднел барање за поведување подготвителна постапка за двајцата малолетници.