ДУИ: Поддршката од САД е клучна за успехот на нашата европска интеграција

Демократската унија за интеграција високо ја цени реафирмацијата на конзистентниот став на Стејт департментот и Белата куќа во поддршка на нашите евроинтеграциски аспирации, отворено изразени при официјалната посета на високата владина делегација на нашата земја во Вашингтон.
 
Со посредувањето и мировниот придонес на Соединетите Американски Држави, нашата земја постигна забележителен напредок во сите предизвици со кои се соочи и донесе историски одлуки кои резултираа со внатрешен мир, мир со соседите, интеграција во НАТО и отворање на преговори со Европската Унија.
 
Поддршката на Соединетите Американски Држави е клучна и сега во решавачките моменти кога треба да се донесат следните одлуки за да се забрза нашиот чекор на патот кон европската интеграција.
 
Стратешкото партнерство со САД засновано на вредностите на мирот, еднаквоста и здравата демократија е силна гаранција за успехот на нашето европско патување и гаранција за регионална и меѓународна стабилност.
 
Демократската унија за интеграција изразува длабока благодарност за конзистентната улога на САД во демократската консолидација на земјата.

 

Демократската унија за интеграција